Писма на читатели

Па така, благонадежно буткајќи до линкот "Девојки" гледам "Поплавите ја земаа првата жртва во Македонија?". Десен клик, њу таб... кад тамо се дешава новинарство!!

Здраво Трендо,
Поздрав од завеаниот североисток на Америка. Овде сум на кратко, па назад у МКД (колку год лудо да звучало тоа). Вака надвор од Вечната ни Татковина, единствениот начин да пофатиш некоја новост е Интернет. Како портал кон дневните вести многу често го користам Вашиот сајт, не заради вестите (тие се сосема прикладно, навистина го мислам тоа, сместени на дното на порталот што особено го ценам), туку заради едни од најдобрите содржини кои на македонски јазик се достапни на нет.  

Па така, благонадежно буткајќи до линкот "Девојки" гледам "Поплавите ја земаа првата жртва во Македонија?". Десен клик, њу таб... кад тамо се дешава новинарство!! Значи дно дна! Растргнати околу потребата да дадат некаква вест а притоа визуелно да ја збогатат страницата, со нивниот претежно срање буџет и непрофесионален менталитет, уреднициве прават такви глупости да би требало да им биде срам така да се наречат ... или воопшто да се третираат како информативен web простор. За дивно чудо содржините на текстот беа без печатни грешки кои се редовни кај web издаваштвото во Македонија, арно ама пази ги сликиве:

Автентично со се река и зелени лисја!
---------------

Речиси блиску, само што водата им е до колена. Ако ова е поплава, тогаш насловот е најблаго речено неприкладен...да не речам сензационалистички.
---------------------

Бај фар најлуда, со се супер полицаецот и нашиот сограѓанин со маици во кратки ракави отпорни на февруарскиот студ, заедно со зелената трева ... и секако за да се долови атмосферата ...  леш! Прешс!

А незнам кој ѓа'ол ги терал да ставаат вакви слики кога можеле како и другите да ставаат нешто сосема оригинално како клосап на полициска трака односно генерален пејсаж на kумановска река во сета своја убавина. Или, недај боже, од почит кон роднините и луѓето кои го познавале несреќникот, не ставаат на сајтот глупости од овој тип, туку на друг начин визуелно да ја збогатат страницата.

Значи , прашањето е може ли нашево интернет новинарство да отиде нешто подолу, или пошто (генерално како и сé кај нас) се на дното, упорно се зафатиле да покопаат уште малку.   Единствениот начин на кој себе си можам да си ја објаснам општата дегутантност на нашево т.н новинарство, е нивниот однос да доаѓа од помислата (евентуално сознанието) дека никој не ги чита.  

Поздрав,
Драган

5 февруари 2015 - 11:25