Реакции на читатели

Додешифрирање на Зета пораките

Мислам дека древните 'Зета Македонци' со овој збор директно му се обраќаат на г-динот Сотировски преку време-просторот и му го доделуваат истиот тој збор да си го носи како титула.

повод: Промоција на денот од паралелниот универзум

Здраво Трендо,

Морам да признам дека машки издржав цели 28 мин. од видеото (со мало премотување на грандиозните први 2-3 минути каде што се собираат гостите на промоцијата), и само можам да казам: секоја чест на г-динот Бранко Сотировски што ете, конечно го просветли целиот свет и им ги отвори очите на сите дека Македонците се нај-топ нај-мега ултимативна нација.

Сепак на 27-ма минута од видеото, не можев да додржам а да не ти пишам дека во толкувањето на текстот на глинената плоча, освен што јасно се гледа дека пишува 'Македонија' има и еден друг многу познат збор.

Мислам дека древните 'Зета Македонци' со овој збор директно му се обраќаат на г-динот Сотировски преку време-просторот и му го доделуваат истиот тој збор да си го носи како титула.

Бидејќи не верувам дека г-динот Сотировски направил пропуст во својот величествен труд, туку не ни го презентитал поради скромност, ти го препраќам наодот: 

Поздрав,
Јане С.

26 август 2016 - 15:39