Центрифугални писма на читатели

Само да си ја кажам маката. Жал ми е за вложените пари (две исти вакви ѓубриња купив) и за комшиите кои мора да слушаат (а веќе имам поплаки).

Незнам како да продолжам да се борам, сите ми велат битката однапред ти е изгубена.

Купив машина за перење и сушење Беко (слим) од Нептун во Битола.Од самиот почеток машината при работа на центрифуга се треси и се слуша страшно лош звук. Ајде реков јас лошо сум ја инсталирал и презедов мерки за подобро да ја нивелирам и поставив гуми амортизери на ногарите. 

Но проблемот остана. Пријавив во овластен сервис, дојде сервисерот и констатира дека не постои дефект на уредот.

Пријавив во Државен пазарен инспекторат со online пријава (на која им прикачив видео за тоа како работи машината), и на 03.09.2021 година добив известување од нив дека производот - е во ред.

Во меѓувреме поднесувам пријава во Битола во Државен пазарен инспекторат и од кај нив добивам известување:

Ниту еден инспектор не дојде кај мене дома да го види производот и да констатира состојба (a не треба да си многу стручен за да го констатираш она што го слушате на видеото).

Ова не е само мој проблем; илјадници вакви машини со овoј дефект се продадени низ Македонија, во разговор со сервисерот а и други пријатели дојдовме до заклучок дека ова е инженерски проблем на овој вид машини и дека Беко не сакаат да го признаат.

Ај да поднесам тужба, и? Какво фајде од дополнително изгубени нерви и пари?

Само да си ја кажам маката. Жал ми е за вложените пари (две исти вакви ѓубриња купив) и за комшиите кои мора да слушаат (а веќе имам поплаки).

Кире Тасевски

28 септември 2021 - 13:28