Задолжителен водич за мажи што носат одела

Неофицијалниот совет е од водителот Стив Харви, кој има разработено цела филозофија околу оделата, и според нејзе првото одело на секој маж треба да биде црна боја.

Зошто црна, а не лаванда, циклама, праска или што и да е?

Затоа што со црно одело можеш да „одиш во црква, на погреб, на свадба, на годишница, на интервју за работа.“

Инаку неговата оптимална препорака за мажите е да имаат:

- пет одела и тоа строго следните бои: црно, морнарско сино, сиво, кафеаво и тен (светло / песочно кафеаво)

- шест кошули: две бели, две крем и две светло сини.

„Со овие можеш да направиш 75 различни комбинации, затоа што секои од пантолоните одговараат со секое од сакоата, и обратно.

Не можеш да згрешиш,“ објаснува Харви.

Кога на ова ќе додадеш неколку различни вратоврски и чевли (и тука се почнува со црни, па кафени), комбинациите експоненционално растат.

13 мај 2022 - 11:38