Таг: облека

Задолжителен водич за мажи што носат одела

Неофицијалниот совет е од водителот Стив Харви, кој има разработено цела филозофија околу оделата, и според нејзе првото одело на секој маж треба да биде црна боја.

Во древен Рим носењето траорна облека било чин на политички отпор

Кога некој во римскиот Сенат сакал да влијае врз јавното мислење и да изрази отпор кон некаква одлука, тој и неговите сојузници ги соблекувале вообичаените, и облекувале валкани и ветви тоги што се правело и при тажење за починат. 

Модна историја: кога забранетата облека е најслатка

Историјата на облеката е полна со обиди на владетелите да воспостават правила за тоа што е, а што не е дозволено да носат „обичните“ луѓе. Таквите обиди често комично пропаѓале.

Библиотека што овозможува читателите да зајмат вратоврски и чанти

Во обид да останат релевантни во новото време, библиотеките прибегнуваат кон различни стратегии. Њујоршката доделува грантови за најиновативните предлози на своите вработени, меѓу кои - зајмење облека.

Селекторот на Англија ја подигнал продажбата на елеци

Еден од најелегантно дотераните селектори на Светското првенство во Русија е англискиот тренер Гарет Саутгејт кој добил илјадници пофалби и една смешна критика дека изгледа како келнер во пицерија.

Кога „Хитлер“ не значи ништо

Копирањето на културни елементи од запад кон исток понекогаш дава чудни резултати - Кинези носат маици со неразбирлив и често навредлив англики, боливиjски градежни работници Епл логоа на нивните униформи, лого на Најк може да се најде на традиционални индиски облеки. Ама има и (за нас) порадикални примери.

Облека за деца што „расте“ доби награда за најдобар студентски дизајн

Оние кои се доволно наивни (и богати) да купуваат купишта облека за мало дете, знаат колку брзо таа бива надрасната, и колку е поисплатливо да размениш или да позајмиш. Но еден нов дизајн ветува дека некоја идна облека ќе може да се носи дури четири детски години, затоа што нејзините димензии можат да се менуваат за шест броја.

Легендарните писатели и нивната облека

Егзотичниот турбан на Зејди Смит, наочарите со рамки од жица на Џојс, „банданата“ на Дејвид Фостер Валас - начинот на којшто е облечен некој писател често го отсликува неговото дело. Нова книга ја истражува оваа замислена или реална врска помеѓу авторите, времето во кое тие живееле, и нивниот личен стил на облекување.

Облеката е само трошок за луксузните брендови

Моментално ниту едно парче облека не е ни приближно финансиски исплатливо за Гучи, Прада, Витон и слични демонстрации на богатство, како што се парфеми, ташни, чевли и додатоци.

Бутик Хилари, Приштина

Во главниот град на Косово постои бутик кој продава женска облека, исклучиво онаква каква што би носела некогашната државна секретарка на САД со претседателски амбиции, Хилари Клинтон. Ако не знаете каде точно е сместен бутикот Хилари, прво дојдете до плоштадот Бил Клинтон.

Приказни раскажани преку парчиња облека

„Носени приказни" е блог на писателката и уметник Емили Спивак, која таа го уредува од 2010. Неодамна излезе и книга под истото име, која содржи текстови на познати личности, како Марина Абрамовиќ и Розен Кеш, за нивните омилени парчиња облека, кои раскажуваат интересни приказни. Ви нудиме и една наша.

Дизајнерите не сакаат дебели ѕвезди

Можеш да бидеш сигурен дека индустријата има проблем кога филмска / тв ѕвезда што е добитничка на Еми и има номинација за Оскар, не може да најде дизајнер што би ја облекол за некоја церемонија, само заради тоа што е дебела.

Победникот носи сè

Аба изгледаа како што изгледаа не само зашто такво беше времето туку затоа што според шведските закони, ако е доволно лоша за да не може да биде носена на улица, одредена облека може да биде ослободена од данок.

Денешната Ленка шие за Швајцарци

Поразителна странска студија за тоа како угледните швајцарски, австриски и германски производители на облека профитираат на грбот на македонски шивачки. Зад престижната етикета "Made in Europe" се крие сиромаштијата и стравот на нашите работнички.

Што технологија да облечам утре?

Додека илјадници Mакедонки деноноќно шијат по погони и погончиња за она робовладетелско лон производство, во светот се најавува облеката која не чека во блиска иднина. Тач скрин маици, како ви звучи?

Долгорочното планирање на нашите баби

„Облека за умирачка" е истражувачки проект на Маргарета Керн, уметник од Лондон, базиран врз визуелно документирање и интервјуа со жени од Хрватска и Босна и Херцеговина кои, исто како и нашите баби и прабаби, уште додека се на нозе и во добро здравје си ја подготвуваат облеката во којашто сакаат да бидат погребани.