Зошто веќе не носиме шапки?

Како дојдовме од тоа секакви шапки да бидат круцијален дел од изгледот, до носење по нешто само заради пролазен тренд, или затоа што врне?

Шапките не биле само дел од модата - ја одразувале културата и економијата. Денес оние свечени шапки се носат само на специјални настани, на кралски свадби или затоа што некој е ексцентричен, што значи, во рок од 50 години, свечените фасинатори и шешири стануваат речиси непостоечки.

Петочка видео-семинарска околу прашањето зошто шапките не се веќе мејнстрим и разочарувачките причини за тоа. Направена е со помош на класична, а млада шапкарка и голем дел од истражувањето се базира на една книга - Американскиот шапкарски занает од Надин Стјуарт, за социјалното, политичкото и економското влијание што овој занает го имал на земјата, а со тоа и на светот.

5 мај 2023 - 00:09