Зошто е важно да се зачуваат семејните рецепти

Рецептите се магични - спомени од детството посебно знаат да те обземат преку вкус. Можеби е рецепт на прабаба ти донесен од некој стар крај и те потсетува на семејни ручеци. Или нешто што баш мајка ти го има измислено и никој не прави такво. И без разлика што овие рецепти се нишка во платното на едно семејно наследство, да се зачува секоја состојка и мерка е тешко. Тогаш, како да се биде сигурен дека семејните рецепти ќе се пренесат на следните генерации кои ќе ги ценат и ќе ги однесат во некој нов век?

Постојат многу начини да се чува богатството наречено семејни рецепти, некои ви се и на дофат на рака. На пример, можете да ги снимате вашите умешни роднини додека го готват нивното најдобро, или да ги интервјуирате членовите на семејството и да ви откријат скапоцени рецепти, па да ги додадете во ваш личен, испечатен семеен готвач што сите роднини ќе сакаат да го ископираат. Ако ви се изработува нешто, направете си книга со рецепти, или пак, без разлика што некои ги знаете на памет, овековечете ги рачно напишани на пластифицирано картонче што ќе стои на посебно место, можеби врзано заедно со други такви, со машна. Можете дури и да однесете да ви испечатат рецепти на крпа, што ќе ги чувате во фиока во кујна или ќе ги подарите на некого.

Како и да решите, запаметете дека разговор со потесното и поширокото семејство може да ви открие неверојатни рецепти. Сите сме виделе тетратки исфлекани со маслиново масло и сос од домати - рецепти што некој ги пробувал одново и одново.

Сајтот Eat Darling Eat е платформа за споделување лични фотографии, меѓугенерациски анегдоти и бесценети семејни рецепти. Некои приказни се тажни, некои неверојатни, некои се пресмешни. Има приказна за една Еврејка, чие семејство не сакало да ѝ го даде рецептот за чала додека не се омажи. Една жена продавала чоколадни колачи за време на Депресијата и никогаш повторно не ги ставила во уста, сега ќерка ѝ ги прави. И токму вакви приказни стануваат дел од една семејна историја и можат да доведат до тоа некој рецепт да стане материјал за семејно наследство. Зошто тогаш да дозволите да се изгубат во времето? Без разлика дали ќе ја снимате вашата баба со таен рецепт, ќе го додадете во направи-сам книга или ќе го споделите со Eat Darling Eat, едно нека ви биде сигурно - рецептот да биде сочуван за идните генерации.

7 август 2020 - 08:35