Што има Рајан Рејнолдс да каже новата титула на Пол Рад?

Пипл го прогласи Пол Рад за Најсекси жив маж за 2021, што, стварно фино, ама најсекси? Сепак, кога ќе земеш предвид кој сѐ им бил најсекси на Пипл (Блејк Шелтон?!), ако.

Го прашаа Рајан Рејнолдс што ќе каже за објавата, па сподели дека „многу се радува“ но додаде дека ваква можност е „потрошена на Рад, како и на многумина пред него.“

За да спречи такво тратење на шансата, Рејнолдс, кој беше најсекси жив маж во 2010, сподели мудрости.

„Тој ќе биде скромен. Ќе се срами, ќе му биде незгодно. Да го знаев тогаш тоа што го знам сега, не би се однесувал така. Мора да се зграпчи можноста.“

И што би направил ако повторно добие ваква титула?

„Не велам дека би го напуштил семејството, но сепак, би морале да се снаоѓаат без мене. Би лутал со бројот на Пипл во рака, би одел од град до град, би си го сеел семето, како некој гол, волшебен градинар. Би било прекрасно. Не го упропастувај ова, Рад. Трчај како ветрот.“

Се разбира, Пол Рад се снајде:

„Опасно ќе му влезам на ова. Има да блеснам.“

Колку е фино кога луѓето си дозволуваат да бидат неозбилни во јавност.

Бонус: Рајан Рејнолдс врска нема додека го заменува Вил Ферел кај Џими Фалон:

11 ноември 2021 - 14:32