Пиењето на плажа може да биде ризично

Сега ќе почнете по плажи, еве кај е уште еден продолжен викенд, па да се потсетиме како е ова поврзано со дехидрација и давење.

Можеби идеално поминато време на плажа ви се чини во комбинација со коктели или пива, но пиењето под разбеснето сонце е нешто што експертите би сакале да не го правите, ако може.

Кога веќе пиете, бидете екстра-внимателни околу вода. Алкохолот го отежнува расудувањето, координацијата и времето потребнo за реакција, што значи пливање и бродови се поризични во алкохолизирана состојба. Дури 60% од несреќите на брод имаат врска со алкохол. Ова повеќе важи за тие што управуваат со бродови, но не е дека нема ризик и за патниците.

Еден од најголемите проблеми е дехидрација - температурите растат, телото повеќе се труди да ја регулира топлината, а бидејќи алкохолот е диуретик - значи нè тера побрзо да исфрламе течности - можеме многу побрзо да дехидрираме кога пиеме на плажа.

Ова ги зголемува шансите за истоштеност поради топлина, или топлотен удар, што доаѓаат заедно со вртење во глава, главоболка и онесвестување.

Знаеме дека нема да се престане со ова, па барем има препораки:

  • пред-хидратација, со безалкохолни течности пред пиењето
  • разредување на алкохолните пијалоци со сок и вода
  • пиење вода и спортски пијалоци меѓу секоја пијачка
  • седење во сенка

И на крај, свесност и броење колку сме испиле. Лесно се губи осет на плажа.

Со лесно на граница.

20 мај 2024 - 08:59