Екипата на „Хари Потер“ се враќа во Хогвортс за 20-годишнина

Ги собира ХБО Макс, во специјално издание наречено „Враќање во Хогвортс“, а ние имаме уште еден рејунион што крши интернет.

Поминаа 20 години од филмската премиера на „Хари Потер и каменот на мудроста“, па вчера, ХБО Макс најави дека за да прославиме, Даниел Радклиф, Руперт Гринт и Ема Вотсон, заедно со уште повозбудливата останата екипа ќе се собираат во Хогвортс.

Тамблр веројатно ќе падне тогаш.

Продукцијата е на Ворнер Брос и „ќе се раскаже магичната како-се-правеше сторија со нови интервјуа и разговори со екипата, кои ги канат фановите на магично лично патување низ една од најсаканите филмски франшизи на сите времиња,“ според официјалниот опис.

Ќе учествува и првиот режисер, Крис Колумбус, а премиерата ќе биде пригодно на 1 јануари.

Меѓу другите најавени се Хелена Бонам Картер, Роби Колтрејн, Реиф Фајнс, Џејсон Ајзакс, Гери Олдман, Имелда Стонтон, Том Фелтон, Џејмс и Оливер Фелпс, Марк Вилијамс, Бони Рајт, Алфред Инох, Метју Луис, Евана Линч и Ијан Харт.

„Се чувствува магијата во воздухот со оваа неверојатна екипа, додека се враќаат дома на оригиналните сетови на Хогвортс, каде што почнаа пред 20 години,“ вели продуцентот Кејси Патерсон.

Полека да се спремаме не само за Нова година туку за кршење на цел интернет и сите социјални мрежи - „Хари Потер“ ја има една од најфасцинантните животни приказни на едно литературно дело, на нивото на опсесија со филмовите и книгите можат да му позавидат и најзабеганите христијански мисионери, а и да се разбереме: ќе биде забавно да се видат истите луѓе 20 години подоцна.

Еве тизер:

17 ноември 2021 - 00:26