Таг: хари потер

Даниел Редклиф продуцира документарец за неговиот парализиран дублер-каскадер од „Хари Потер“

Во текот на снимањето на „Хари Потер и реликвиите на смртта 1“, Дејвид Холмс, кој бил дублер на Хари Потер, доживеал тешка повреда по што останал парализиран. Сега Редклиф учествува во снимањето на документарец за него.

Подемот на Роулингофобијата

Обидите да се избрише Џ.К. Роулинг стануваат сè повознемирувачки.

Има едноставна причина што Роулинг не учествувала на Хари Потер „рејунион“

Лани кога се појави со нетрпение очекуваниот Harry Potter Reunion, каде што ги видовме сите пораснати како носталгично се потсетуваат на снимањата, медиумите толкуваа дека авторката на цел тој свет, Џ. К. Роулинг не ја ни викнале затоа што имаше проблематични изјави за транс-лицата. Џабе си правеа филмови.

Бришењето на Џ. К. Роулинг

Њујорк Тајмс ја одобри идејата дека наводниот ретрограден био-есенцијализам на Џ. К. Роулинг не само што не е модерен, туку го прави нејзиното постоење непожелно.

Хари Потер како Ал Јанкович

Даниел Редклиф ќе менува опис за да го игра „Чудниот Ал“ Јанкович и некој има пуштено и слика од снимањето за да видиме.

Како актерите од „Хари Потер“ требаше да го решат тоа со Џ. К. Роулинг

Веќе некое време светот се однесува како Џ. К. Роулинг да е вештерка (и тоа во најлошата смисла на зборот) и ја лови на секоја запирка, затоа што е упорна со својот став дека општеството не игра паметно во однос на некои од правата што им се овозможуваат на транс-луѓето.

Каков е тој „Хари Потер рејунион“ без Џ. К. Роулинг?

Екипата (барем дел од неа) на „Хари Потер“ се собра да прослави 20 години од првиот филм во специјална епизода на ХБО. Зборуваа тројцата најбитни, па Роби Колтрејн, па Хелена Бонам Картер и Гери Олдман, тројца од режисерите и други слични важни имиња. И имаше 2-3 архивски снимки од Роулинг без која еден куп деца сега немаше да имаат кариери, а милиони ширум светот немаше да имаат - Хари Потер.

Ни името не смее да ѝ се знае

Или, како што е изразот во нејзините книги, Онаа-што-не-смее-да-се-споменува. За „освестените“, Волдеморт е жив, ама ќе го решат тие.

Екипата на „Хари Потер“ се враќа во Хогвортс за 20-годишнина

Ги собира ХБО Макс, во специјално издание наречено „Враќање во Хогвортс“, а ние имаме уште еден рејунион што крши интернет.

Ѕвездата на Јувентус што слави голови со волшебното стапче на Хари Потер

Вестон Меккени стана еден од најдобрите фудбалери на италијанскиот шампион кој скоро сигурно ќе го откупи неговиот договор од Шалке. Американецот е прав хит во Серија А, а против Болоња на интересен начин го прослави голот.

Полски свештеник го запали Хари Потер

Свештеник од северна Полска организирал палење „зли“ предмети, меѓу кои и книги од серијата за малиот волшебник.

Хари Потер и владеењето на правото

Како се толкуваат и спроведуваат законите кај нас, можеби веќе има ваков курс за правна магија за кого не знаеме. Ама еден сигурно ќе биде наскоро воведен, во Индија.

Нова интерактивна тура низ Хогвартс

Компанијата на Џ. К. Роулинг, Потермор, од денес на својот сајт овозможува дигитална тура од 360 степени низ славната школа за магесници. Дали треба да нагласуваме дека ова е интересно само за Хари Потер фанови?

Познати кражби на книги

Од сите работи кои можат да се украдат, криумчарат, продадат, книгите некако не се првите на кои човек би помислил. А сепак вакви случаи не само што имало туку има и денес, а во игра најчесто се и големи пари, и интерес за она што се води како „исчезнато“ од страна на академските кругови.

32.567 твитови од Хари Потер против Пирс Морган

Во последната епизода (10.2) од шоуто на Бил Маер имаше супер „панелисти“ - „папата на трешот“, режисерот Џон Вотерс, поранешната советничка на Обама Карин Жан-Пјер, водителот Пирс Морган и комичарот Џим Џеферис. Последниве двајца баш фино се испокараа. А ним потоа на Твитер им се придружи и авторката на „Хари Потер“.

Нова приказна за возрасниот Хари Потер

Хари, Рон и Хермиона имаат по триесетина години, основале свои семејства и напредувале во волшебничката кариера. Лоша вест: во косата на Хари има и по некое бело влакно. А и бракот нешто не му штима. 

Џ.К. Роулинг се враќа во светот на Хари Потер

На инсистирање на Ворнер Брос ($$$) Џ.К. Роулинг ќе го има своето сценаристичко деби со филмот "Fantastic Beasts and Where to Find Them," инспириран од истоимениот учебник од Хогвартс. Уште подобро е што ова ќе биде прв филм од серијал.

Квидич од реалниот живот

Што велите за еден локален турнир во квидич на Градскиот стадион во Скопје? Тоа што сте фан на Хари Потер сепак не значи дека би биле и добар играч - квидичот станува сериозен спорт, за кој се потребни исти такви подготовки и познавање на 700-те правила. Сепак, како за почеток, доволно е и една метла.