Кога Луи Витон го местеше Гучи

Контра-маркетинг за медаља.

Ви текнува на Снуки? Едно чудно женче, од едно реално шоу, „Џерси Шор“?

Во еден момент, Никол „Снуки“ Полици ја апсат пред камера за јавно пијанство во сред бел ден. Медиумите забележуваат дека ја краси огромна Гучи ташна.

За време на третата сезона на Џерси Шор на Емтиви, Снуки ги заменува се префрла од Коуч (ташни) на Гучи. Како и многу други популарни личности и инфлуенсери ја добива на подарок - ама не од Гучи.

На ТикТок тврдат дека подарокот е од конкуренцијата - Луи Витон, кои ѝ ја подариле знаејќи дека ќе се влече по земја пијана носејќи ја препознатливата ташна.

„Од Луи Витон ѝ праќаа на Снуки ташни за да предизвикаат конкурентот Гучи да изгледа евтино и невкусно,“ вели Тиктокерот Марк Себастијан, „за на тој начин ЛВ да изгледа луксузно и елитно.“

Ова уште се нарекува и unbranding (одбрендирање).

Џона Бергер, професор по маркетинг на Универзитетот на Пенсилванија објаснува зошто ова функционира:

„Излегува дека влијанието е како магнет… Но истовремено може и да нè одбие,“ вели тој. „Ако Снуки држи Гучи ташна, можеби тоа ќе помогне на конкуренцијата на Гучи, затоа што никој веќе нема да сака да ги носи. Затоа треба да разбереме како социјалното влијание привлекува, но и одбива.“

На сличен начин, Себастијан тврди дека Аберкромби и Фич го плаќале Мајк Сорентино да не им ја носи облеката додека снима.

Просто да посака човек да ги запознае тие од маркетинг, да им честита.

26 јули 2022 - 13:43