Какви муабети прават Французите?

„Да се најдеш во муабет“ може да биде и интересно.

Ајири Аки, основач на „Мадам де ла Мезон“, од Њујорк се има преселено во Париз во 2011. Вели дека животниот стил и односите со луѓето ѝ се збогатени поради францускиот принцип на joie de vivre - Французите се дружат, долго ручаат, дури и штрајкови и протести кога има, успеваат да го завршат денот со музика и пијачка.

Како им успева да важат за забавни за муабет?

За почеток, не прашуваат за работа, затоа што им е небитно, но сакаат да иницираат длабок, па и аргументативен разговор. Здрава расправа и дебата е таму скоро па национален спорт.

На пример, за започнување разговор:

  • Од каде си?
  • Од каде го знаеш *името на домаќинот*?
  • Колку време живееш овде?
  • Имаш ли начекано добар филм во последно време?
  • Имаш ли подкаст или книга да ми препорачаш?
  • Си го слушал ли новиот албум на XY?
  • Кој ти е последен концерт?
  • Имаш ли омилени ресторани во *тој и тој град*?
  • Многу ти е убаво *парчето облека*. Од каде ти е?

За инспирирање размислување:

  • Што ти е најдлабока желба во моментов?
  • Да можеш да живееш во било која деценија или година, кога би било тоа?
  • Да можеш да јадеш само едно нешто до крајот на животот, што би било тоа?
  • Кои три нешта би ги земал на пуст остров?
  • Ако некој денес ти даде милион долари, што би направил со нив?
  • Што е нешто што те трогнало во последно време?

Најважното правило за конекција

Собирите се за градење и зајакнување односи, не за да се покажеш како совршен домаќин и совршен муабетчија. Важно е да се одвои време и да се биде вистински присутен во разговорот. Седни со луѓето. Прими го звукот на чашите и чиниите. Ќе се почувствуваш како да живееш добро, а и другите ќе се почувствуваат добро околу тебе.

Маја Анџелу има кажано: „Луѓето ќе заборават што си кажал, ќе заборават што си направил, ама никогаш нема да заборават како се чувствувале поради тебе.“

28 јуни 2023 - 10:28