Како да намалиш на незгодно на фамилијарни средби

Идат празници и семејни ручеци, а со тоа и глупите прашања што магично мораат да се постават.

„Се гледаш ли со некого?“
„Планирате ли деца?“
„Многу ти е цело парче“

Иако празниците асоцираат на задоволство, љубов и заедништво, во многу семејства знаат да бидат сложена операција и да нè потсетат зашто не се гледаме почесто. Едно незгодно прашање, што и не мора да е незгодно од зла намера, туку просто од неможност да се чита меѓу редови, знае нагло да ја ескалира и онака тензичната собиранка. На пример, родителите знаат да прашаат „до кај се внучињата“ а парот со години да се обидува да има деца - и да не може да има од само ним познати причини.

Среќа па има начини да се избегнат дел од непријатностите, а ние разговаравме со експерти кои ни пружија некаква основна навигација.

„Обавезно бидете одморени, може и да повежбате или да излезете на воздух непосредно пред тоа. Само не влегувајте како однапред поразени“, препорачува социологот Лиз Кели, а препораките имаат призвук како подготовка за финале во кое од вас многу се очекува. 

Се препорачува и однапред да смислите одговори за непријатните прашања, но и да се распрашате малку за некои ставови на присутните, за да не треба на лице место да се преправате дека не ве разбрале.

Никому не должите објаснување, и слободно може да го кажете само она што е за кажување. Кели препорачува да се држиме до едноставности, да спремиме „муабети за пренасочување“ што ќе ги пуштаме во случај на итност, а еден таков што ветува е да се праша домаќинката од каде ѝ е рецептот. 

Секако, на божиќната трпеза како и во животот, за менталното здравје клучни се границите што самите ќе ги поставите. Ако ве прашаат два пати, ете не мора да станете веднаш, ама можете да го повторите истото што и првиот пат: дека не ви се зборува за тоа. Ако и тоа не работи, супер-легитимно е и да станете.

Во ситуации како оваа за која станува збор, корисно е да се има банда. Фокусирајте се на некој што е традиционално „од ваша“, затоа што и да повишите тон и да станете, ќе треба некој да крене глас и да им каже на останатите дека стварно претерале. Ако немате среќа да имате некој таков, можете повремено да ја афирмирате својата комфор-зона, разговарајќи со некој близок што знае дека не сакате да сте таму.

Откако прославата ќе заврши, и под претпоставка дека сте ги издржале докрај сите налети, заслужено е да се излезе на пијачка со пријателите, да се протрачари со партнерот, да се повежба нешто или дури и да се следи примерот на психологот Бенџамин Миелер и кротко да се одмори со добра книга. 

24 ноември 2022 - 15:52