Физиотерапевт советува да не се прекрстуваат нозете

Седење со прекрстени нозе е удобна положба за многумина, но излегува дека не е баш најздраво за телото.

Прекрстувањето на нозете кај колената може да предизвика повеќе различни проблеми во држењето, поврзани со мускули, зглобови и коски.

Искривување на карлицата: Истражување од 2014 открива дека седење со прекрстени нозе три или повеќе часови дневно може да предизвика искривување на карлицата, што значи дека едниот колк ќе биде повисок од другиот. Причината е што положбата ги стега абдукторните мускули на зглобот во ногата што е погоре, а го слабее глутеус медиус - еден од мускулите на страната на колкот. Кога ќе ослабне тој мускул, карлицата се изместува.

Проблеми со рбетот: Кога ни се прекстени нозете кај колената, се намалува флексијата на колкот и телото може да компензира принудувајќи го долниот дел од грбот да се свитка. Ова може да доведе до сколиоза, што пак води до болки во мускулите и проблеми со зглобовите.

Искривување на рамената: Во положба со прекрстени нозе автоматски горниот дел од телото стежнува кон една страна, па истражувањата велат дека луѓето што седат вака три или повеќе часови, имаат значително искривени рамена, односно, едното е рамо е повисоко од другото.

Главата оди нанапред: Истото истражување од 2014 покажува дека поради прекрстување на нозете имаме тенденција главата да ја држиме нанапред, што води до болки во вратот и неурамнотеженост на мускулите.

Други истражувања покажуваат дека може дури и да се предизвика привремено качување на притисокот, па од овие причини и лекарите бараат да седиме со двете стапала стабилно на подот пред да ни измерат притисок. Важно е да се забележи дека порастот во притисокот е привремен, но сепак може вреди да се избегнува положбата ако веќе имате висок притисок.

Како тогаш да седиме?

Постојат многу начини да се подобри држењето, но кога се работи за нозете, се препорачува да се седи со двете стапала рамни на под што е можно почесто (ако не ви досегаат нозете до подот, ставете си кутија или столче). Прекрстување кај глуждовите е во ред, иако не е подобро од првава варијанта.

Навиката е тешка за откажување, но сепак, би било паметно да се проба. Не дека седењето со прекрстени нозе ќе направи ужасна штета, но може да доведе до проблеми, особено со држењето што на долг рок е сигурно добро да се избегнат.

17 јануари 2022 - 00:00