Да живееш секој ден како да 1958

Не, не зборуваме за кошмар, или книга, или нешто слично. Жената си избрала да живее секој ден како да е 1958 година.

Тоа значи и гардероба и шминка и фризура. Без разлика што фризурата од едната страна ѝ е како некој да ја треснал со пегла.

Ама такви се ‘50-ти.

Одат со маж ѝ во најавтентичното место што личи како од тоа време за да го поживеат филмот и јадат онаков сладолед со прелив и вишна на него.

Дома гледа да вметне што е можно повеќе мебел од ‘50-тите, со тоа што внимава да не личи како музеј од таа декада, туку баш како дом.

Имаме прашања.

Дали го користат тој телевизор што е на господ бељата, или некаде во ѕид кријат денешен?

Дали детено (чија соба, Лејси со доза на разочараност ќе рече дека е единствената што не е декорирана во тој стил) ќе ги реши кога-тогаш?

За едно е сигурно во право.

Сите се луди на некој начин, и кога нешто толку многу ти прави задоволство, зошто да не го живееш?

Макар и тоа да значи живеење како светот да не мрднал 62 години.

2 април 2020 - 01:26