ТРАДИЦИОНАЛНО МАКЕДОНСКО ИМЕ КОЕ НЕ ИЗЛЕГУВА ОД МОДА: Преубаво е, а кога ќе дознаете за неговото значење ќе ви се скрши срцето!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Курир.

Последниве години, се чини, родителите се почесто се одлучуваат на своите деца да им дадат стари македонски имиња, наместо модерни и необични, кои извесно време беа во мода.

Честопати се даваат традиционални имиња за да се зачува споменот на предците, а со текот на времето значењата поврзани со одредени имиња се заборавени.

Пример за такво старо, а и денес популарно име е името – Ненад.

Се смета дека името произлегува од негацијата на глаголот „надевам“ или „очекувам“. Името најчесто го добивале децата кои на свет дошле „одеднаш“, „ненадејно“ т.е. на што родителите не се надевале. Најчестиот случај бил кога мајките останале бремени во подоцнежните години.

Некои етнолози тврдат и дека ова машко име потекнува од негацијата на глаголот „сакам“ и дека практично значи – несакано дете, иако многумина не се согласуваат со ова мислење.

Она што е дополнително интересно е што ова име нема друга форма, а е едно од ретките машки имиња во Македонија што нема изведена женска форма на името.

4 април 2022 - 15:20