ОВА Е СВЕКРВАТА НА ЦЕЦА: Госпоѓа Мирјана е негувана дама со префинет стил

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Еспресо.

Момчето на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, Богдан Срејовиќ, предизвика голем интерес кај балканската јавност, а медиумите секој ден откриваат нови детали за емотивниот партнер на фолк-дивата.

Откако во јавноста се рашири веста дека Цеца е во врска со девет години помладо момче, многумина се интересираат кој е мажот што по долги години го привлече нејзиното внимание, со што се занимава и што се крие во неговото минато.

Според пишувањата, Богдан е управител на елитен ресторан во Белград, а претходно професионално тренирал кошарка, но се занимавал и со манекенство, за што сведочи и малиот број на професионални фотографии на неговиот инстаграм-профил.

Покрај бројните фотографии со неговата ќеркика, Цеца и неговите пријатели, Богдан често објавува фотографии од својата мајка.

Според фотографиите може да се забележи дека госпоѓа Мирјана е негувана жена, секогаш совршено стилизирана согласно приликата. Инстаграм – профилот на мајката на Богдан е затворен за јавноста.

3 февруари 2022 - 14:45