Лиснато тесто

Погачки со говедско

Вкусни и лесни за приготвување.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
50 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 чешниња лук, сецкан
  • 500гр. мелено говедско
  • 4 главици млад кромид, сецкан
  • 1 поголем компир, излупен и исецкан на коцки
  • 1/4мл. чили сос, благ
  • 2 лажици сок од лимон
  • 2 лажици соја сос
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 3 лажици кориандер, ситно сецкан
  • 6 парчиња замрзнато лиснато тесто
  • 1 јајце, изматено

Сос

  • 200мл. домати од конзерва (пелати)
  • 1 главица кромид
  • 1 пиперка

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Извадете ги парчињата замрзнто лиснато тесто од фрижидер за малку да се одмрзнат.
Загрејте масло во тава на среден оган. Испржете го лукот околу 1 минута. Додадете го говедското месо. гответе го со мешање околу 5 минути. Додадете кромид, компир, чили сос, сок од лимон, соја сос и шеќер. Гответе ја смесата 2 минути па тргнете ја од рингла. Додадете кориандер.
Исечете го лиснатото тесто на квадрати од околу 14см (или кругови по желба). Поделете ја зготвената смеса и со лажица ставете врз тестотот. Рабовите премачкајте ги со матено јајце. Превиткајте го тестото и притиснете ги рабовите за да се залепат.
Наредете ги подготвените погачки врз плех обложен со хартија за печење. Премачкајте ги одозгора со јајце за да добијат убава боја. Печете ги 30 минути.
Послужете ги топли со макало од ситно сецкани домати, кромид и пиперка.

2 мај 2013 - 14:21