Необичен доручек

Јајца со фета

Печени јајца со фета сирење и кромид.

Време на подготовка:
5 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
15 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • малиново масло за премачкување
  • 8 јајца
  • 125мл. хопла
  • 40гр. фета сирење
  • 2 главици млад кромид
  • ситно сецкан магдонос
  • сол и бибер
  • препечен леб на тост

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте 8 мали огноотпорни садови со маслиново масло. Во секој сад скршете по едно јајце. Внимавајте жолчките да останат цели. 

Истурете од хоплата врз јајцата во секој сад рамномерна количина. Во секој сад изронете од фета сирењето. Додадете ситно сецкан кромид и магдонос. Зачинете со сол и бибер по вкус. 

Поставете ги садовите на плех и печете ги во загреаната рерна 10 минути.

Послужете ги јајцата веднаш со препечен леб исечен на стапчиња.

На здравје!

9 јули 2013 - 15:18