За со пиво

Солени крекери

Брзи домашни бисквити со кашкавал.

Време на подготовка:
40 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
55 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • ½ кг. брашно
  • 300 гр. рендан кашкавал
  • 300 гр. маргарин
  • 1 ќесичка квасец
  • 1 кисела павлака
  • 1 жолчка
  • сол
  • сусам и ким за декорација

Подготовка

Изрендајте го кашкавалот. Потоа додадете ги брашното, квасецот, киселата павлака и маргаринот и од нив замесете тесто. Оставете го тестото половина час да отстои.
Потоа исукајте кора. Исечете ја кората на квадратчиња со големина која вам ви одговара.


Наредете ги парчињата на еден плех обложен со хартија за печење. Изматете една жолчка и со неа премачкајте ги крекерите.


Посолете ги и декорирајте ги со сусам и ким.
Печете ги 15 минути во загреана рерна на 200 степени.


Можете да ги послужите веднаш, но крекерите ќе бидат еднакво вкусни и по 2-3 дена.

6 јули 2012 - 07:00