Медитерански ручек

Мусака со сланина

Вкусен рецепт за сладок компир.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
45 мин.

Вкупно време:
60 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 650гр. сладок компир, излупен и исецкан на тенки парчиња
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 6 парчиња сланина, ситно сецкана
  • 50гр. рукола
  • 8 јајца
  • 70мл. хопла
  • 100гр. рендан кашкавал за пица
  • сол и бибер
  • мешана салата за прилог

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте со малку масло тавче за печење (20см x 28см). Обложете го со хартија за печење.
Зовријте вода во тенџере на посилен оган. Варете ги компирите 5-7 минути додека да омекнат. Исецедете ги и оставете ги да се изладат. Зачинете ги со црвен пипер.
Загрејте тавче на рингла на силен оган. Пржете ја сланината 3-4 минути додека да стане крцкава. Извадете ја во чинија обложена со хартиена салфетка.
Наредете во тавчето за печење еден ред сладок компир. Врз него додадете рукола, па сланина. Повторете ја постапката со остатокот од компири, рукола и сланина.
Изматете ги со вилушка во длабок сад јајцата и хоплата. Зачинете ги со сол и бибер. Прелијте ја смесата врз состојките во тавата.
Печете ја мусаката 45 минути. Исечете ја на коцки и послужете ја со свежа салата.

30 мај 2013 - 16:30