Овошна торта

Трослојна торта со вишни

Вкусен рецепт за ванила торта со вишни.

Време на подготовка:
45 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
1 ч. 25 мин.

Порции

10 лица

Состојки

  • 6 белки од јајце
  • 320гр. шеќер во прав
  • 2 лажички бел оцет
  • 1 лажица +2 лажички пченкарно брашно
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 500гр. цреши без семки (може замрзнати)
  • 70гр. шеќер во прав
  • 200мл. вода
  • 2 лажици џем од цреши
  • 2 лажици сок од лимон
  • 450мл хопла, изматена во шлаг

Подготовка

Загрејте ја рерната на 150 степени. Обложете три плеха со хартија за печење.
Во длабок сад изматете ги белките во цврста пена. Постепено додавајте го шеќерот во прав и продолжете со матење. На крај додадете оцет, пченкарно брашно и ванила екстракт.
Смесата поделете ја во трите плеха. Печете ги тестата 30 минути во загреаната рерна. Потоа оставете ги во рерната додека да се изладат.
Во меѓувреме во сад измешајте ги црешите со 70гр. шеќер во прав и 100мл. вода. Измешајте ги и оставете ги да одстојат 30 минути. Процедете ги црешите, но зачувајте ја течноста.
Измешајте ја течноста од црешите со една лажица пченкарно брашно, 100мл. вода и џем од цреши во едно тенџере. Варете ја смесата на рингла на среден оган со постојано мешање околу 7 минути.
Потоа во овој ситуп додадете ги црешите и сок од лимон и оставете ги да се изладат.
Ставете едно тесто на чинија за сервирање и премачкајте го со една третина од изматената хопла. Повторете ја постапката со двете преостанати теста и хоплата. На крај тортата прелијте ја со црешите во сос.
Пријатен апетит!

31 март 2013 - 18:27