Десерти со јаболко

Штрудла со јаболка

Класичен рецепт за штрудла со јаболка, цимет и суво грозје.

Време на подготовка:
50 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
1 ч. 30 мин.

Порции

12 лица

Состојки

  • 1 кг. јаболка
  • 1/2 кг. свежи кори за штрудла
  • рендана кора од 1/2 лимон
  • 3 лажици рум
  • 60 гр. суво грозје
  • 100 гр. шеќер
  • 60 гр. бадеми, ситно сецкани
  • 2 лажички цимет
  • 3 капки ванила екстракт
  • 60 гр. путер, растопен
  • 85 гр. лебни трошки (или мелен двопек)
  • шеќер во прав за декорација
  • 1 лажица масло

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте едно тавче за печење со малку масло.
Излупете ги јаболката, одстранете ги семките и изрендајте ги. Ренданите јаболка измешајте ги со кора од половина лимон, рум. шеќер, цимет, суво грозје, ванила екстракт и сецкани бадеми.
Поставете една кора врз работната маса. Премачкајте ја со малку растопен путер. Потоа ставете одозгора уште една кора, намачкајте ја со путер и превиткајте ги на половина. Додадете врз превитканите кори лебни трошки и 3 - 4 лажици од смесата со рендани јаболка. Превиткајте ја кората преку смесата и свиткајте ја во цилиндер. Поставете ја кората во тавчето за печење.
Повторете ја постапката со остатокот од корите и јаболката. На крај премачкајте ги одозгора свитканите кори со остатокот од путерот.
Печете ја штрудлата во загреана рерна 40 минути. Оставете ја штрудлата да се излади пред да ја исечете на парчиња. Послужете ја декорирана со шеќер во прав.
Пријатен апетит!

12 октомври 2012 - 19:01