Заев-от на Цеца

Како да го најавиме овој клип а да не прегрееме кревките партиски мозочиња на тема „што е неговата тема“?

Дали тоа ние сакаме да кажеме дека сите судбински знаци се на страната на Заев?

Или дали ние тоа сакаме да му се ругаме на новиот лидер на СДСМ заради друштвото и неговата музичка проценка дека се работи за една од најголемите европски па дури и светски ѕвезди?

Ама, нека се прегреваат, што им е работа.

Ако ова пророштво се оствари, ќе ни биде криво САМО заради една работа: што се искинавме од тупење што ќе биде и дали ќе нè биде, а цело време сите детали од нашата судбината ги знаела - Цеца.

3 јуни 2013 - 08:52