Андроид игрица на денот:

Трчајќи кон Белизе

Дали Супер Патриотот ќе успее на време да избега од неговата [Независна] {Демократска} (Горна) Република Македонија?"

Аплоудирав игра на Google Play наречена Трчајќи кон Белизе, и е тематска за политичката состојба кај нас. Сатирична игра е, и бесплатно се симнува и користи. Само за Андроид е за жал, па понатаму можеби и за iOS ќе пуштам. Ова е описот:

 "Супер Патриотот мора да избега од својот народ, особено од оние што протестираат. Тој во својот мандат работеше напорно и успеа да собере доволно пари за да замине во странство каде што ниту неговото обезбедување ако трча по него нема да може да го стигне. Па дури и да не се на службена должност во тој момент.

Тој мора да ги собере сите парички во форма на знакот на Мерцедес затоа што само така може да излезе од државата без никој да го види. Тоа е тешка задача и ако успее, ќе биде првиот во југоисточниот дел од Европа. Ако не, ќе мора да се вози со коли како оние на новинарите. А тие не се безбедни.

Скокајќи од еден плац со куќа на друг, Супер Патриотот успева да се движи над луѓето. Но, поради тоа што ѕидовите од 5 метри не се изградени, тој може да се лизне и да падне доле. А таму се оние човечиња што протестираат. Тие се од најлошиот вид - Соросоиди.

Постои уште една пречка на патот кон Белизе. Тоа се бомбите на вистината кои се поставени во одреден и внимателно испланиран интервал. Супер Патриотот не може да се справи со вистината затоа што тоа е неговиот „криптонит“.

Дали Супер Патриотот ќе успее на време да избега од неговата [Независна] {Демократска} (Горна) Република Македонија?"

 
Oва е линкот за Google Play:
http://play.google.com/store/apps/details?id=com.appypie.gb33bc7565573appypie.RunningtowardsBelize
 
A на овој профил е новата Фејсбук страна:
https://www.facebook.com/pages/Running-towards-Belize/797573743653057
 
Поздрав! И со лесно нека му е накај Белизе :)

- Патриот Гејмс

 

21 мај 2015 - 16:02