Кога едно утро во влез ќе те сретне логиката

Живееш у мал град. Зимаш 250 евра плата. Пцуваш мајки на се шо мрда пошто не ја бива, нема се паричка, да ти ебам градчето одвратно, крај на свето ли е тука, ништо не се дешава, мртвило, нема дека да се оде и слично. Одеш у Скопје да тражеш чаре...

Живееш у мал град.

Зимаш 250 евра плата.

Пцуваш мајки на се шо мрда пошто не ја бива, нема се паричка, да ти ебам градчето одвратно, крај на свето ли е тука, ништо не се дешава, мртвило, нема дека да се оде и слично.

Одеш у Скопје да тражеш чаре.

Наоѓаш слична работа, само повеќе платена. Сеа зимаш 350 евра. 150 од тие одат за стан и сметки, 50 евра те бањат за превоз пошто голем град, брзаш, темпо, некогаш мора и такси да земеш. Стануваш 2 саата порано за работа, враќаш се 2 саата покасно од работа.

Ама битно си у Скопје.

И така едно сабајле у влезо те сретне логиката, истуре ти кофа гомна врз главата, сврше ти у фацата, слика те, стае те на Инстаграм и си помине како ништо да не се е десило.

И немој да ми кукате зашо нема воздух да се дише.

Кирил Стоименов

* до-објаснување од авторот: "Проблемо е шо свесно одат, знаат шо се дешава, и па кукат. Акценто е стаен на гомнарскио апсурд и мајмунското понашање, а не кој дека е ојдел и по кој повод".

24 ноември 2016 - 14:02