И децата од разведени бракови имаат право на два родитела

Да ви пренесеме еден апел за поддршка на група родители кои имаат проблеми со гледањето на своите деца. Тоа им се ограничува на неколку часа а некогаш и им се забранува заради измислени причини.

Велат дека имаат покренато граѓанска иницијатива за промена на законот за семејство при што бараат да постои рамноправно и споделено родителство на детето после развод.

"До сега имаме направено пленарни дискусии, трказлесни маси а се одржа и дискусија на Правен Факултет со целосна подршка на професорите од семејно право за нашите предлози! Само некој службеници од МТСП и ЦСР на кои им годи овој хаос и од кој можеби и профитираат го оспоруваат нашиот предлог и не се спремни на никакви промени. Нивните тврдења се дека децата од разведени родители биле помалку податливи на дроги отколку децата на неразведените... (што точно се цели да се кажи и кој е аргументото против предлогот на споделено и заедничко родителство не е јасно!) дали со овој предлог, предлагаат родителите да се разведуваат и да му бидат клиенти за да се намали зависноста од дроги не е јасно!", ни пишува еден родител од оваа група.

Групата на Фејсбук ќе ја најдете овде

10 март 2016 - 11:43