Го имаме победникот на "Ѕвездите на МПЦ"

Сме слушале ние разни музички таленти, но ова е вистинска, тоест буквална ПОП ѕвезда. Додуша, поп е одамна а ѕвезда допрва ќе стане. Заслужено.

Титулата ја освојува не заради изборот на песната (тука одел "на сигурно", со проверен евергрин) туку заради свежата и храбра интерпретација.

Во неговатат изведба има сè што едно жири бара: и емоција и енергија и едно префинето - малку расситнето - вибрато.

Но, нас нè освoи најмногу во "рефренот" кога нумерата ја однесе во еден сосема друг правец и кога и Византија и Мокрањац неочекувано отидоа во ведар трилер.

Па вака попови да пејат сите, ние секој ден на помен ќе одиме!

1 јуни 2016 - 10:54