Браво бе, Дафкови

Девојката се вика Марија Дафка и има волшебен глас. Свири на бајан (дугметара) а браќата ѝ свират кавал/гајда и пијано. И татко им го има на некое видео на тапан. Од село Емборе се (некогаш Трговиште), Калјарско. Сакаме да чуете две работи: „Сношти се Риза армаса мамо“ и една соработка со Дине Донев (тапан) од Русилово, воденско (селото на Мирка Гинова), „Стојне ле Стојне невесто.“ Љубов и ежење.

*********

 

17 февруари 2024 - 20:20