Смокот и неговото право

Малку новинарска мрза и фушерај, малку желба за непотребни сензации и ете го безoпасниот смок во ситуација во која своевремено се најде брадестиот орел.

Нова Македонија:

Селаните најпрвин забележале еден смок, а наредниот ден виделе најмалку шест смокови. Сопственикот на земјиштето каде што е лоциран бунарот Неџат Фетаовски денеска изјави дека едниот од нив успеале да го убијат со лопати. Наредниот ден, раскажаа Фетаовски и неговиот сосед Симо Малиновски, локалните жители забележале дека во стариот бунар има уште змии. Соседите успеале да се организираат и со лопати да убијат пет смокови. Но, стравуваат дека ги има во поголем број.

Вечер:

Превентивно, Фетаовски го затрупал бунарот. Неговите соседи случајот го пријавиле во Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

И многу други. Нит разговор со некој од ПМФ, нит информација од некој природонаучник што се смоковите, дали и колку се тие опасни.  Википедија вика вака.

А како е во Канада, види овде.

Коментар на веста од село Лопате од наш читател:

A на прва топка, ќе помислиш дека селото го добило името дека многу вредни биле, се со лопати ја обработувале земјата, идила, кога тие се справувале со смоци, тцтц, најкрвожедното животно на светот од рангот на овчеполски жгронтосауер. Па и у стар и запуштен бунар се сокриле, и тоа им пречи, па каде да се сокријат? Во гајба со шишиња со Мартел? И после имале стаорци, па ќе има кога ги лопатат нивните предатори.
 

п.с. белобрадестиот орел беше истребен од слични предрасуди, дека дигал овци и деца.

20 април 2015 - 12:39