Пријавете ги, масовно!

Граѓани, Невладини, кој и да е, почувствувајте се повикани. Ќе ви покажеме една грозна интернет снимка. Од оние глупави, крвожедни, тажни, апсолутно идиотски борби со кучиња, овојпат организирана некаде во Струга. Не гледаме начин како поинаку да дигнеме паника.

Уште еднаш, ве уверуваме дека нема потреба да ја гледате снимката. Таа е овде само како доказ.

Снимката е објавена уште на 22-ри февруари, на Фејсбук страницата Pit Bul Struga MK

Апелот не ни се однесува на пријавување до Фејсбук. Така само ќе ја тргнат снимката и никому ништо.

Сакаме тоа суратите да бидат препознаени од надлежните и да го јадат.

Многу ли бараме?

9 април 2013 - 17:31