Смртта на конверзацијата

Краток фото манифест на тагата која извира од луѓето опседнати со своите паметни телефони.

"Немам јас никаков проблем со преносната технологија, ни помага таа во нашите животи, но, верувам дека истовремено ги прави луѓето озбилно досадни. Почнав да ги фотографирам во мојата компанија и попат почувствував тага. Пред мобилните телефони, луѓето немаа друг избор освен да влезат во меѓусебна интеракција. Тоа веќе не е неопходно бидејќи сите можеме да се "преправаме" дека правиме "нешто важно" на своите мобилки. Порано луѓето ги користеа цигарите за да ја зголемат својата социјална самодоверба. И добро, тие се штетни за здравјето ама барем не ги претвораа луѓето во "приклучени досади'. Мораме заедно да се ослободиме од оковите на паметните телефони и да го вратиме назад разговорот лице в лице".

повеќе инфо на babycakesromero.com

23 октомври 2014 - 12:57