Херкулес, на еден ден пред светската премиера во Синеплекс

FX3X го нанижа и "Херкулес" во своето резиме

На 24 јули во киното Cineplexx премиера на филмот "Херкулес" на Брет Ратнер, еден ден пред американската премиера

"Без разлика колку си брз, без разлика колку можеш да издржиш, ѕверот ќе те следи. Човекот не може да избега од сопствената судбина, Херкулес."

Со овие застрашувачки зборови од трејлерот на новиот филм на Brett Ratner "Херкулес" се поставува атмосферата во интензивната акција, во која полубогот се бори со лав, триглаво водно чудовиште и воедно води битка да ја открие суштината на сопственото егзистирање.

На спектакуларните ефекти работеше и македонското студио ФХ3Х како дел од тимот на Method Studious. Проектот траеше 2 месеци и на него работеше тим од 15 артисти.

Во филмот, ѕвездата Двејн Џонсон се подготвува да го спаси светот од наследниците на Хад во својата улогата на мистичен херој и син на Зевс.

Филмот ќе започне со прикажување на 24 јули во киното Cineplexx, еден ден пред американската премиера.

23 јули 2014 - 11:26