Кога покриеното ќе се разоткрие

Австралиски полицаец запира автомобил возен од муслиманка облечена во никаб (она комплетчето, ко кај нинџи). Таа веднаш ја потегнува верската карта и дига медиумска и судска врева обвинувајќи го полицаецот за малтретирање на расна основа. Кармата и враќа со видео - сè е снимено и нема ништо од тоа што го тврди. Добива 6 месеци затвор.

"Сите цајкани се расисти" вика имигрантката Карнита Метјус на полициската видео снимка која помогна да се расветли случајот со нејзините обвинувања дека била малтретирана од полицаец само затоа што е муслиманка и дека тој се обидел на сила да и ја симне бурката од лице за да може да биде идентификувана.

Оди по медиуми со таа своја приказна а подигнува и обвинение против полицаецот кој веројатно ќе беше расчеречен од системот да не беше полициската видео снимка на која е снимено сè, поточно ништо од тоа што таа го тврди.

Најинтересен твист во случајот беше потегот на нејзиниот адвокат кој се обиде да го увери судијата дека не постојат докази дека токму таа е снимена и дека под верската носија би можел да биде кој било. Што е и причина што во земји како Франција е забрането носење верски одори кои оневозможуваат нормални процедури како што е идентификација на граѓани.

Еве ја целата сторија:

15 октомври 2014 - 09:09