Том Џонс ги пее Коен и Вејтс

Новиот албум на Џонс се вика "Spirit in the Room" (Дух во собата), и треба да се појави на 21. мај

На него ќе се најдат верзии на „Tower of Song" на Коен, насловната песна на Вејтс од последниот албум "Bad as Me", како и преработки на песни на Пол Макартни и Пол Сајмон. Новиот албум излегува по пауза од две години од последнот "Praise and Blame" (Пофалба и вина) од 2010.

Сите застапени песни се всушност преработки, со очигледен соул и блуз тон, кој секако му лежи на стариот и добар Том. Тој неодамна направи и кавер на „Evil" на легендарниот блузер Хаулин' Вулф, кој можете да го чуете тука.

3 април 2012 - 15:25