Типографски филозофски постери

Дечкото се вика Макс Темкин, има дипломирано филозофија, и се занимава со графички дизајн.

Вашингтон пост го има опишано како „бејби фејс", и е во право - баш е сладок. Како што вели самиот, тој меѓу другото креира брендови за добри цели, и работи за политички кандидати, како Барак Обама. На неговиот сајт Maxistentialism ги најдовме овие филозофски постери, со цитати од големите мислители - Хегел, Сартр, Ками. Сепак најфин ни е оној на Хана Арент: нема опасни мисли, самото мислење е опасно...

19 април 2012 - 14:00