Таг: постери

„Доста е“: уметничка кампања која треба да помогне Трамп да не биде повторно избран

Новата иницијатива вклучува поголем број уметници чија цел е да ги инспирираат американските гласачи да го направат вистинскиот потег во ноември - да не гласаат за Трамп.

Покривајте си ја устата: јапонски здравствен прирачник од времето на „шпанскиот грип“

Во август 1918 група сумо борачи се вратила во Јапонија од Тајван. Кога почнале да покажуваат симптоми, докторите мислеле дека станува збор за бронхит или пневмонија. Излегло дека донеле шпански грип.

Не плукај!: пандемиски постери низ историјата

Пред интернет, информациите од јавен карактер, па и оние за заразни болести, биле пренесувани преку еден фундаментален графички медиум: постерот.

100 постери од 100 филмови

Некои се оригиналите, некои се одлични алтернативи за тоа како можеле да изгледаат оригиналите ако продуцентите не решеле да одат на сигурно.

Животот е циркус

Одамна во нашиот град не дошол асален циркус, кој би нè оставил без здив. Или пак ние сме остареле и сме заборавиле да им се радуваме. Дека сепак порано циркусот нудел многу повозбудливи доживувања од сликање со пони покажуваат и овие постери. 

Немој да одите во Романија

Ова е слоганот со кој Романците (не е кампања на Владата) ги канат туристите на гости и ја промовираат Романија во странство. Пред ова, од Романците имавме една одлична преписка со Британците, на тема миграција и слично. Ова е подеднакво добро. Дело на дизајнерката Иоана Негулеску.

Екстремен минимализам

Полскиот дизајнер Михал Краснополски одлично ги илустрира темите од славните филмови, како Војна на ѕвездите или Супермен, користејќи само една „решетка" составена од круг внатре квадрат и дијагонални линии. Во светот на вербалното тоа му доаѓа како да раскажеш филм во три збора.

Поп историја раскажана низ Лего

Во бројни домаќинства Лего коцките се основен градежен материјал на денот, без оглед дали со нив со саати се игра, или на некоја од нив се нагазува со боса нога.

Купувачи од сите земји, освестете се!

„Последниот капиталист кој ќе го обесиме ќе биде оној кој ни го продал јажето" - преку парафраза на овој Марксов цитат уличниот уметник Ајсо (Eyesaw) го изразува протестот кон сè поагресивната рекламна индустрија.

Постери за луѓе што не патуваат никаде

Идејата е што ако ете дома ти е каде, каде поубаво отколку да си на некоја планина, или може не ти е поубаво, колку што ти е полесно и помалку заморно да организираш седење дома, отколку одење некаде. И ти исто заслужуваш да имаше сеќавања како и другите.

Типографски филозофски постери

Дечкото се вика Макс Темкин, има дипломирано филозофија, и се занимава со графички дизајн.