Олимписки темпирана уметност

Свиркани химни

Таков голем (спортски) настан како Олимпијадата повлеквит истиот да се користи за разни видови проекти, кои сакаат да ќарат од тајмингот и од темата. Со малку помузикален изведувач овој можеби немаше да остане само на интересна идеја.

Сузан Филипз, инаку добитник на престижната награда Тарнер за визуелна уметност од 2010., во ова клипче симултано ги свирка химните на Етиопија, РУсија, Бахраин, САД, Велика Британија и Јамајка. „По случаен избор одбрав химни на различни земји и си ги пуштив на слушалки. Си реков - ако сите овие земји можат да трчаат една до друга, зошто и нивните химни да не го прават тоа?", го објаснува овој проект авторката.

Која ли победи во случајов?

13 август 2012 - 14:09