Вајарски жанр: само ти се причинува

Скулптура која изгледа како да се топи

Микеланџело или Челини би биле веројатно воодушевени од можноста со едноставна анимација да создадат илузија на движење на нивните скулптури. Ние веднаш ја замисливме онаа на Чакаларов, како во бавен галоп врти по тоа кружниот тек. 



Оваа топка направена од хром ниту се топи, ниту се движи. Се работи за „визуелно умствено патување" на Такеши Мурата, кој ја создал оваа кинетичка скулптура за уметничкиот фестивал Фриз (Frieze Art Fair).

Нејзиното име е Melter 3-D и во основа е анимација. Мурата почнал со дизајнирање на објектот на неговиот компјутер со софтвер за 3Д моделирање. Концептот е идентичен со оној на старите зоетропи, цилиндрични апаратчиња за предкинематографска анимација, кои создаваат илузија за движење на сликичките нацртани во внатрешноста на ротирачкиот цилиндер. Но во зоетропот на Мурата пресеците низ кои се гледа во цилиндерот е заменет со трепкачки светла, а цртежите или фотографиите стануваат предмети.

Сферата ротира со 70 вртежи во минута, а трепкачкото светло се пали точно 15 пати по ротација. Тоа значи дека на секои 24 степени вртење на сферата, светлото затрепкува еднаш. Токму преку дискретноста на сите овие визуелни и временски повторувања се постигнува ефектот на Мелтер.

Делото на Мурата се бранува во смирен континуитет, како анимација без фрејмови. Малку вознемирува а истовремено ве прави љубопитни како е ова можно. Слично чувство кое го предизвикуваат и некои други скулптури и споменици, дури и кога не содржат илузија дека се движат или топат.

18 јуни 2014 - 10:57