Таг: дизајн

Од поштенски марки до банкноти и копчиња: што ќе се случи со иконографијата на Елизабета Втора?

Прилагодувањето на иконографијата на Велика Британија по смртта на Елизабета Втора ќе потрае со години. Чарлс Трети, велат, е по екологијата, па замената на сите предмети со ознаките на претходниот монарх веројатно ќе оди бавно за да се одбегнат непотребни трошоци.

Заборавете на QR кодовите: некогашната уметност на дизајнирање менија

Тие не се само списоци на храна и пијалоци, информативни помагала и ценовници. Менијата знаат да бидат реклами сами по себе, алатки за заведување, да будат интимни спомени и, понекогаш, да станат скапоцени колекционерски предмети.

Зошто сите постери за комедии имаат огромни црвени букви?

Од најновиот „Нан“, преку постарите како „Има ли пилот во авионот?“ или „Американска пита“, еден шаблон постојано се повторува во дизајнот на постерите за комедии. Кој и кога го започнал овој тренд?

Кралицата на Данска е дизајнер на нов филм на Нетфликс

Актуелната кралица на Данска, Маргрета Втора, на своето дизајнерско портфолио ќе додаде и адаптација на фантастичниот краток роман на Карен Бликсен, „Еренгард“.

Полица за книги која може да се претвори во ковчег

Во рубрикава сме промовирале стратегии на нула отпад и штедење (друго е дали навистина сме ги остварувале). Ама ова решение ги нароси нашите креативни пори, што од шубе, што од интересно.

Тоалети дизајнирани како книги

Знаеме денешни ВЦ-иња во кои има цели библиотеки полни списанија, па и со по некоја книга. Ама дизајнерите од 18 век или имале уште поголема почит кон пишаниот збор, или обратно, многу добра смисла за критика.

Хотелска соба дизајнирана така за во неа да биде непријатно

Иако најпрвин изгледа како шега, соба дизајнирана од уметник во количка е направена таква - непријатна, фрустирачка, несоодветна - за нејзините посетители да можат да почувствуваат како им е на луѓето со хендикеп кога се наоѓаат во простории кои се несоодветни за нив.

Како Осло со ново лого заштеди 5 милиони долари годишно

Нормално, прва помисла е: на тие пари, па уште им доаѓа и да штедат, што народ ќе беа. На второ место е: па до толку сè им е средено што на логото стигнаа да шпараат.

Римејк на фискалната сметка каков што сите заслужуваме

Една исповед од нас: освен финансовиот, никој не разбира што пишува и како се чита фискална сметка (посебно на оние тесните), кое е прво, која количина си купил, колку е парче, која бројка на што се однесува, зошто толку си купил, како дојде за 3 работи излезе со количка... Изгледа не сме биле единствени кога дизајнери се зафатиле да го решат проблемот.

Обемна и детална листа на алатки за дизјан (графички)

На страна изобилието, веројатно најважно е што листата е редовно одржувана, дополнувана и прочистувана ако има потреба. Има 35 категории со алатки за дизајн, скоро и да нема нешто што е прескокнато, и секоја од нив полна со пристоен број помагала објаснети со по неколку зборови. Заслужен букмарк.

Во Холандија ќе се игра фудбал со необична топка со слики на Рембрант

Во понеделникот на 8 април во Рејксмузеум (Државен музеј) во Амстердам ја претставиле новата топка за холандското фудбалско првенство која ќе сe „тркала“ од 28 април како проба за следната сезона. Многу е интересна и необична.

Секоја страница од оваа книга е парче кашкавал

Се вика „20 парчиња“, дело е на уметник од Њујорк, и е точно она што го најавува нејзиниот наслов - тенко исечени парчиња кашкавал, онакви ко за на пица или за во сендвич. Навреда за книгите или добра финта?

Логото на Лига на шампиони е пример за идеален дизајн - не се менува 30 години

Парадоксално и необично, ѕвездичките ги симболизираат 8-те најдобри клуба во Лига на шампиони кои не стигнале до финалната фаза, односно оние 8 клуба кои испаднале.

Дизајнери да си ја проверите дизајнерштината

Тест за веб / графички дизјанери во кој треба да се избере точната верзија на некој веб елемент. На почетокот многу ќе се гордеете со себе, ама како одминуваат прашањата така од спорадично до систематски ќе развивате омраза кон истите и баговите што ви ги нудат. Некако на крај пак целата работа се сведува на ОЦД на дизајнерот.

Некој се потрудил да го спакува Виндоус ИксПе за 2018-та

Оригиналот е од пред 17 години и во тоа време беше сериозен технички исчекор, а и визуелен. Ни крив ни должен ИксПе во следните 10 години беше водечки оперативен систем, додека Микрософт размислуваше што ќе прави со себе. Камер Кан Авдан прави дизајнерски римејк на оперативниот систем и го шминка за 2018.

Нова верзија на Брајова азбука која може истовремено да ја читаат и оние со добар вид

Брајовата азбука и писмо денес на голем број слабовидни и слепи лица можеби им е надминато како средство за читање, бидејќи дигиталните апликации го презедоа приматот. И иако јавната поддршка за објавување материјали на Брајова азбука се уште постои (па и кај нас), на образовните програми за негово учење како да им треба освежување за 21 век.

Фото-монтажи: што има вон кадарот на кориците за албуми?

Млад руски дизајнер упаѓа во корици на албуми на неговите омилени пејачи и групи, и со тоа станува дел од нивната приказна. Плус малку ги пародизира.

Maл чекор: дизајнирано чергиче за пречекување вонземјани

Ако навистина некаде низ космосот има вонземјани, зошто тогаш никогаш не сме ги виделе? Па можеби затоа што не сме ги ни поканиле и дочекале како што треба, онака по домаќински, со чергиче за бришење нозе пред врата.

Облека за деца што „расте“ доби награда за најдобар студентски дизајн

Оние кои се доволно наивни (и богати) да купуваат купишта облека за мало дете, знаат колку брзо таа бива надрасната, и колку е поисплатливо да размениш или да позајмиш. Но еден нов дизајн ветува дека некоја идна облека ќе може да се носи дури четири детски години, затоа што нејзините димензии можат да се менуваат за шест броја.

Советската вселенска програма на кутии кибрит

Станува збор за многу пообемна колекција дизајни на кутивчиња кибрит од Источниот блок од 50-те и 60-те години од минатиот век. Ние се фативме за вселенскиот дел од оваа колекција.

Пиштол што ги претвора солзите во куршуми

Одлична материјализирана метафора за сите оние кои мислат дека да плачеш значи да покажуваш слабост. Чекај дур не те закачат смрзнати солзи, испукани од лимен пиштол.

Како да претставиш „топол дом“ во различни култури

За Икеа, последната недела од јули е како Божик. Затоа што на 31 овој месец излегува високо очекуваниот каталог, чиј тираж оваа година изнесува 203 милиони примероци. Со своите 324 страници и трошок кој изнесува 70% од годишниот маркетинг буџет на фирмата, тој мора да биде прилагоден на различни региони, вери и култури низ светот.

Вашата нова шивачка се вика Гугл

Едно време беа Бурди, бележења со сапунче и шпенадли со топчиња во различни бои. Сега на ред е апликација што една недела ќе собира податоци за вас за на крај да ви го понуди идеалниот дизајн на она што треба да го облечете.