Книжевен трејлер, од подобрите

Скребл за оние кои (не) ги сакаат У2

Scrabble е онаа друштвена игра во која од поединечни букви треба да составите цели зборови. Колку повешт составувач и колку покомплексен збор - толку повеќе поени.

Книгата која излезе деновиве „Дали е тоа збор?: од Aa до Ззззз, чудниот и прекрасен јазик на Скребл" ја опишува историјата на оваа игра, ги документира рекордите, но содржи и список на дозволени зборови во „скраблискиот". Играта, освен на англиски, постои и во официјална верзија на голем број други јазици, а знаеме и за едно друштво во градов кое на тајни средби игра импровизирана верзија на македонски.

Едно од правилата е дека секоја плочка содржи и бројка, која ја означува фрекфентноста на соодветната буква во азбуката на јазикот на кој се игра. Вокалите (а, е, и, о, у) во сите јазици се користат често, па оттаму тие имаат и помала скребл вредност (носат 1-2 поена), но буквите како нашите Џ, Ж или Љ (на англиски Q или Z), бидејќи се користат поретко, носат 10 поена. Дејвид Бакспан, авторото на гореспоменатата книга, дошол на одлична идеја за нејзино промовирање - трејлер пародија на видеото за „With or Without You/U" на U2, во кој името на групата е всушност скребл плочка за буквата 'ју' (U), која има вредност 1. Авторот во спотот го глуми Боно, а издавачот Брајан Гитис го глуми Еџ. Нормално, и целиот текст на песната е сменет. Погледнете, идејата, а и изведбата се одлични.

13 септември 2012 - 09:50