Кого удри, не жали

Штулиќ на сите по список

Не знаејќи како жанровски да го одреди овој текст, белградско „Време“ го сместува во рубрика „смејурија“. Иако делува како драматуршки презаситен список екс-ју имиња, тој сепак покажува неколку работи: дека Штулиќ и тоа како добро се сеќава, дека исто толку добро ги следи актуелните настани, и дека (ова го знаевме, ама да си повториме) - е лудак. 

Да, Ребека Вест гледала низ српски наочари за време на тие посети на Балканот, откако ги носел Винавер, но низ тие наочари и јас гледав, не само заради јазикот и војската околу себе, туку и затоа што тоа беше така. Србите се подложни на јунаштво, вели записот, инаку Крлежа не би се крстел со зборовите: Чувај ме Боже од српското јунаштво, нити пак Џидо би му додал: Секој се бори за она што му фали. Ама Јожа би се чудел од далеку: Богати, уште се држат заедно, како само им успева? На што Кардељ само суво би забележал дека тоа се само остатоци од поразените ситнопровинциски сили, па Ранковиќ остро би се спротивставил велејќи дека такви одамна нема, ако и воопшто ги имало, што Бакариќ учено би го одобрил, цитирајќи го Клонимир и давајќи уште некои примери од Порфирогенит. Кога се работело за домашни теми, Моша обично ја користел паузата за да си ги исчисти наочарите, спомнувајќи го Нушиќ, и секако најпрвин за да ја згрижи својата фамилија па потоа државата, но со чистите наочари на нос суво би додал дека и премногу такви останале.

На тоа Родољуб Чолаковиќ би почнал да се поти, додека Туѓман со крајче на усните на Темпо би му рекол дека тоа во Партизан го нема, и дека неговите кадровски служби и тоа како водат сметка за тоа. Бранко Ќопиќ почнува да се нервира и тајно го извлекува превитканиот весник за во напишаното да се увери, имено, текстот каде Тито изјавува дека нема да апси, додека Иво Андриќ тивко прикажува што не слушнал за што се работи, велејќи дека заборавил позајмената книга да ја врати, затоа што тоа му го оневозможиле двете светски војни како и дипломатската служба, и дека не знае зошто баш сега се сетил на тоа, но онака, на прва рака, би ја навел дринската ќуприја и се' што таму немало. Исто го спомнува и Црњански, велејќи дека чевлите ги чува во вазна затоа што столарството не му оди од рака. Меша Селимовиќ воздивнува и ништо не вели, сеќавајќи се на братот, помислуваат сите, па не му замеруваат. Стева Крајаќиќ куцајќи се бапнува на врата, од неодложна работа спречен: радиото му откажало, па по градот барал лампи, доаѓа само тоа да им каже, затоа што веднаш оди назад, а и Копиниќ му труби доле. Сепак се наведнува и на Јоже нешто на уво му шепка, а овој остро му враќа: „а каква?" Јованка се прави дека не слушнала, правовремено со Ѓоко Јовановиќ почнувајќи муабет, но Стане Доланц помислува на шестоличкиот договор, па тоа му го пореметува спокојството, но баш во тој миг се слуша Милка Планинц како ја менува темата, предложувајќи лов на фазани, и Бранко Микулиќ како ја поддржува, тврдејќи дека е престар за натпревар на сараевската Олимпијада, но дека снајперот уште му работи, како и дека викендицата за Тито во Бугојно е подготвена и дека не гледа никакви проблеми, но ако се обиде кој и да е по некој неверојатен случај да ги опљачка то ест вечерата преку мера да им ја наплати, и на нив лихварски да се обогати, тие куќата со земја ќе му ја срамнат, со што Мика Шпиљак се согласува, велејќи дека знае двајца-тројца луди селани, па Добрица Ќосиќ клима со главата сеќавајќи се на исти такви ликови од своите романи и борби со кучиња. Само Крцун под гас се размрдува велејќи дека друмовите уште ќе посакаат Турци кога ќе снема Срби.

Во тој момент оркестарот мава туш, па Чкаља со шајкача и опинци со прачка се појавува, а Нела Ержишник со крпа на глава и со метла во рака, додека Мија Алексиќ во цивилно одело се појавува, реда ради. Од градите тогаш Гертруда Мунитиќ високо Ц пушта, по што прснува кристалот на трпезата и порцеланските пинии, па Јоже, искористувајќи ја ситуацијата, седнува на клавир, што гостите го поздравуваат со громогласен заплауз. Тогаш Здравко Чолиќ со наклон се заблагодарува, пристигнувајќи со ПП апарат да ја отпее Гори ватра, па Брега тапанарот крвнички го погледнува, гледајќи дека се уште во бас тапанот предна кожа нема, иако овој му наложил да не ја симнува, но овој му се правдал дека дрогата и отворениот бас тапан се тука заради пригушување, за публиката да не остане без слух, кога и онака го фаќаат басот преку стомакот. Криејќи ја бубуљицата на незгодно место, ја зазема Бора Чорба неговата страна, изјавувајќи дека тоа веќе го дознал од Џони, иако не го капира ниту пак стихотворението без рима го занима, независно од тоа дали Слаѓана Милошевиќ чула или не за Кант. Тогаш Бошко Петровиќ во збор им влегува, прашувајќи, дали им оди на нерви? Гледајќи ги немите погледи кука: А зошто вие од мене си одите? Џибони се чеша по образите, мислејќи на хамбургер без влакна, додека Северина махинално го тегне долгиот свечен фустан, заборавајќи дека не е во сукња - што Хус пророчки не го забележува. Баре замислува како добива Порин, па веќе сам себе се прекорува што не понесе торба - како сите тие Порини ќе ги однесе, со оглед на тоа што не е Шива то ест има само две раце, особено затоа што Цане Партибрејкер, како што велат, се пали колку на Хрвати толку и на трактористи и на каубојци. Потресен од добиената канадска џез награда Куста баш на Неле му објаснува колку е значаен би-бапот, па Неле кисело се смее, мислејќи како тапкањето со карти и цупкањето одат заедно, па тој џез и во Сараево го има. Бајага пак се двои, знаејќи дека „замижи" се однесуваше на јога (а не на пилуле за лилуле, како што сфаќаат многумина), му се препушта на сонувањето. Уморен од отворање пивски шишиња со заби крај него се сместува и Стубиќ, додека Арсен во Стојниќевото друштво со лута ракија ја пегла јетрата, спомнувајќи ја Габи и мајка си. Раде Шербеџија барајќи си ги пасошите безуспешно си ги превртува џеповите, хамлетовски прашувајќи се дали некогаш и ги имал, затоа што во спротивно сигурно некаде ги загубил. Но Дадо Топиќ си го проверува тимот околу себе, за да не му биде жал да умре, кога би му успеало (во светлината на неговото првоборство) предргрупа на Стоунси да биде. Алка Вујица се нуди да му го среди тоа, ако тој ѝ биде жирант во дискографската куќа, па тој (не читајќи ни една нејзина песна) попушта. А Јајо Хоура на масата ги крева нозете, покажувајќи ги чевлите, па веднаш добива понуда за новобранови серии и филмови, што млако го прифаќа, зборувајќи дека сега, додуша, продава уметнички слики, но ќе се жртвува и овој пат, само заради тоа што сите немаат појма колку се среќни што постои ЗАМП (затоа што во Кина авторството е јавна сопственост), дури и како приватно самонаметнато здружение.

Но Рамбо Амадеус кој се презива и Пушиќ, тоа не го попушува, бидејќи замотан во ќебиња до ништо не му е, штрајкуваше на улица заради нешто лежејќи, па бубрезите му настинаа. Јурица Паѓен пиејќи од чевла само што им објаснува на присутните замповци дека во кариерата продал три милиони плочи, што тие го дочекуваат како мераклијка попален, затоа што баш таков насушно им треба за покривање и привлекување на автори, некој кој како и тие барем десетроструко ќе знаат на неуките да им подметнат мадиња за бубрези; на што Мишо Ковач учтив прдеж пушта, споменувајќи ги своите десет милиони, додека Даниел Поповиќ се засрамува од скромните седумсто илјади синглови за Џули. Владо Калембер почнува да ја пее „Клинчек“, па друштвото се согласува дека тој народњак му е особено успешен, додавајќи дека само тој го има тој препознатлив глас и дека е штета што Џони не го зел за басист, затоа што тогаш не би имало потреба за Четири аса. Но Исмет Куртовиќ отворено во тоа се сомнева, затоа што го познава Џони уште од средината на 70-тите, кога тој неповикан во неговото друштво на ручек се појави, што му е врежано во памтењето, затоа што инаку освен тоа никогаш не го видел, освен секако на слики. Игор Мирковиќ му дава за право велејќи дека мајка му му се доверила дека таа вушност му ги правела песните на Џони. На тоа Хрвое Хорват почнува да ги гризе усните, проколнувајќи го Кулушиќ и Новиот бран, додека Дејан Цукиќ го теши, мафтајќи со раце, како што мафташе и со штици, барем на почетокот на кариерата додека не премина во СОКОЈ, зборувајќи дека Џони сепак седум дена СКЦ го полнеше, што на никој друг не му успеа, имено, така на децата им одговори на прашањето, па сега за каење и историска пресвртница е предоцна. Боривој Радаковиќ тоа тивко го сослушува, знаејќи многу добро дека и во Загреб беше исто, но мрмори дека народот ги мешал Стубиќ и Штулиќ. Рундек се распрашува како се вели рандом на француски, а Сахер му враќа дека Жљебачиќ го знаел тоа, но дека сега од глава му испарило, но нека ја праша Јосипа Лисац, затоа што таа го знаела Метикош, кој во Париз бил пред него. Тоа го поттикнува Иво Робиќ на спомени, дека ги открил Битлси додека Карло уште не видел странство, но дека свеедно дома му е најубаво, и дека такви гулбаи никаде нема, особено не во општинските книги. Вице Вуков го спомнува Крстовиот пат, како и маките Исусови, па тоа е наводно причината зошто е против возачите кои закачуваат крстови по колите за над главите да им се мрдаат, додека удобно наместени животот го мезат. Тоа не им се допаѓа на некои гастарбајтери, бидејќи сметаат дека и на бога им е угодно тоа што им е ним, и дека барем возат по асфалт, значи не газат трева, ако веќе ја пасат, впрочем, што има тој со Заратустра за да им префрлува за нешто што е лична употреба. Томпсон Перковиќ се обидува да ги измазни работите велејќи дека наместо крст закачува меч, кога и онака над глава му виси, но дека дури и така ја знае разликата помеѓу крстење и крстарење, иако не разбира зошто „кашика", кога без „жлица", багер и марка не се може. Вилушка не спомнува, премолчено давајќи на знаење дека цупкајќи во седум осмини мамутски одрезоци со нив набодуваше, додека останатите корени и пресно месо јадеа. Тоа, иако неизговорено, на Оливер Драгојевиќ му се допаѓа, потсетувајќи го на потеклото од Монголија, особено затоа што Индија е претопла за мамути, а и не сака кадровикот Туѓман да сфати дека има нешто со Индија, кога веќе ни песни не прави од срамота.

* во оригиналот нема нови редови

Aвтор: Бранимир Џони Штулиќ 

27 декември 2014 - 10:21