Петок 13-ти

Ќемал Маловчиќ, фолк великанот од Сански мост со постојана адреса во Австрија, низ егзистенцијалистички обоени стихови ја поврзува неостварената љубов со симболиката на петок 13. 

Само не сфатив, дали гатачкава стварно гледа „петок 13-ти" напишано на дланката, или тоа ѝ е стилска фигура?

Петок 13-ти

Сонував синоќа лош сон
ја сонував неа и нашата разделба
о гатачке, гледај ми на дланка
погледни ми го сонот

На дланка само црно слово имаш
никогаш, никогаш сине нема да ја сретнеш веќе
и за нејзината љубов имаш петок 13-ти

Ги сонував синоќа нејзините сватови
ја сонував како од авлијата ја испраќаат
о гатачке, гледај ми на дланка
погледни ми го сонот.

13 април 2012 - 13:25