Списоци

Она што ќе ни недостасува, и она без кое сигурно (ќе) можеме

Фин список на Нора Ефрон, кој можеби треба секој од нас да си го направи. Не дека нешто ќе ни недостасува кога ќе нè нема, туку да си видиме што ни е навистина битно, а што не, баш тука и сега. За смеењето и паркот сме тотално согласни.

Познатата писателка, режисерка, продуцент и сценарист на најпопуларните холивудски романтични комедии, меѓу кои „Имате пошта", „Кога Хари ја сретна Сели" и „Џулија и Џулија", почина вчера (26.06) по тешка борба со леукемијата која почнала во 2006. Во 2010. на крајот од нејзината книга „На ништо не се сеќавам", го напишала следниов список - што ќе ѝ недостасува, а што не (откако ќе ја нема). 

Што нема да ми недостасува

Сува кожа
Досадни вечери како онаа на која бев вчера
Електронска пошта
Технологија воопшто
Мојот шифоњер
Миење коса
Прслуци
Погреби
Болест генерално
Анкети кои покажуваат дека 32 проценти од Американците веруваат во креационизам
Анкети
Фокс ТВ
Падот на доларот
Прослави на Бар-мицва
Мамограми
Исушени цвеќиња
Звукот на правосмукалка
Сметки
Електронска пошта, знам дека веќе кажав, ама да повторам
Ситен фонт
Панели за жените на филм
Вадење шминка секоја вечер

Што ќе ми недостасува

Моите деца
Ник
Пролет
Есен
Вафли
Концептот на вафли
Сланина
Прошетка во парк
Идеја за прошетка во парк
Паркот
Шекспир во паркот
Креветот
Читање во кревет
Огномет
Смеење
Поглед низ прозорецот
Сијалички за Нова Година
Путер
Вечера дома, само ние двајца
Вечера со пријатели
Вечера со пријатели во градови каде не живее никој од нас
Париз
Следна година во Истанбул
Гордост и предрасуда
Божикната елка
Вечерата за Денот на благодарноста
One For the Table
Кучешки дрен (вид шумско растение)
Капење во када
Минување преку мостот до Менхетен
Пита

27 јуни 2012 - 10:18