„Ние сме очајни луѓе“

Нова книга со до сега необјавувана поезија на Лу Рид

Книгата се вика „Дали на ангелите им треба потстрижување?“, а стиховите во неа се однесуваат на прашања поврзани со нацијата, сексот и вискито. Напишана е во 1970, откако Рид го напушти „Велвет андерграунд“.

„Ние сме кристален поглед кој пробива низ густината и огромноста на една полудена нација“. Ова е стих кој би можел да биде напишан од млад поет од Америка на Трамп, но всушност е стара неколку децении, и напишана од бардот на њујоршкиот рокенрол, Лу Рид.

Збирка од до сега необјавени песни на Рид ќе биде објавена во април, заедно со снимки на кои тој ги рецитира во црквата Св. Марко, во Њујорк, во 1971 (со Ален Гинзберг во публиката). Насловот на книгата е „Дали на ангелите им треба потстрижување?“, поговор за неа ќе напише неговата вдовица Лори Андерсон, а ќе содржи и негови сопствени воведи во песните. Од 12-те песни и кратки раскази во збирката, само три биле претходно објавени, една како песна на Велвет андерграунд, и уште две во мали поетски списанија.

Еве снимка од една од нив, под наслов „Ние сме луѓето“:

„Ние сме луѓето кои самите си го предизвикуваме уништувањето и го спроведуваме законски. Ние сме инсекти од нечија туѓа мисла. Жртви сме на денот, на ноќта, на просторот и на бог без раса, националност или религија. Ние сме луѓето. Луѓето. Луѓето.“

5 март 2018 - 08:15