Најтенките книги на соседите

На порталот danas.hr осамна фотографија од магнети за на фрижидер кои се продаваат во хрватските Конзум супер-маркети, со чуден книжевно-националистички хумор, упатен кон соседите Словенци и Срби.

Купувачите кои реагирале на политичката некоректност на содржината на пораката од службите на Конзум добиле одговор дека продажбата на производи со несоодветни пораки не е во склад со деловната политика на компанијата, и дека овој ненамерен пропуст ќе се исправи во најкраток можен рок.

Баш нè интересира дали некаде низ светот има вакви магнети со пораки кон Македонија и Македонците, и кој би бил насловот на нашата „најтенка книга". За барем еден од нашите соседи е јасно - „Економските успеси на Грција" би била сигурно тенка.

13 април 2012 - 16:04