- На 23 мај 2023 година (вторник) во 10 часот проф. д-р Ден Шехтман ќе одржи предавање на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет под наслов: „Technological Entrepreneurship - Key to World Prosperity and Peace“. Во фокус ќе биде потребата од развој на технолошкото претприемништво како основа за глобален напредок. Toa e oтворено за студенти, наставен кадар, како и за сите заинтересирани.
- Потесна специјалност на проф. Шехтман се квазикристалите, за чии истражувања ја доби Нобеловата награда за хемија во 2011. Кога почнал да работи на кристалографијата, кон крајот на 1970-тите, тоа веќе била зрела научна дисциплина, но неговите откритија биле овозможени со примената на тн. трансмисиона електронска микроскопија со која тродимензионалната структура на кристалите можела да се испитува на многу помали примероци. Интересно е дека инспирација за ова добил од исламските мозаици кои имаат подреден распоред, но не се повторуваат.
- Посетата на д-р Шехтман на Македонија ја организира МАНУ во ко-организаторство на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија (СХТМ).
- Со проекција на шпанско-аргентинската копродукција „Затвори ги очите“ (Cerrar los ojos / Close Your Eyes, 2023), вечерва започнува 14-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал.
- Со почеток во 20:30 часот во летното кино „Мирно лето“ во Кинотека, посетителите ќе можат да ја проследат македонската премиера на овој филм на 83-годишниот шпански режисер Виктор Ерисе.
- Оваа година на публиката ќе ѝ бидат прикажани и 16 филмови од Официјалната селекција на краткометражни филмови, три филма од Ревијалната програма и 4 видео-есеја, во рамки на новоотворената Селекција на видеоесеи.
Целата програма тука
- Јапонската актерка Шоко Ито ќе ја изведе нејзината култна претстава „Баба самурај” на 7 јуни (петок) 2024, во големиот амфитеатар (А3) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ.
- Претставата се игра по повод јубилејот 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија. Претставата ќе биде второ гостување на актерката Ито на Филолошкиот факултет.
- „Шоко Ито е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера. Настапила во 80 земји. Дипломирала на Универзитетот Тама, на Катедрата за јапонско сликарство. Во 1986 г. го основала театарот ИТО-ГУМИ, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми – монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц“, информираат од Филолошкиот факултет.