Упатството на предокот на сите крстозбори гласело: „Пополни ги малите квадрати со зборови кои одговараат на следните дефиниции". Денес некои од тогаш употребените зборови делуваат опскурно, исто како и референците на настани кои се случиле таа, 1913 година. Но пополнувањето на „мали квадратчиња" со зборови и сто години подоцна останува една од омилените забави на енигматичарите, пензионерите и другите љубители на вкрстениот пишан збор.
Славата за пронајдокот му се припишува на Артур Вајн (Arthur Wynne) од Ливерпул, кој на 19 годишна возраст емигрирал во САД. Најпрвин работел како новинар и свирел виолина во симфонискиот оркестар на Питсбург, но потоа се преселил во Њујорк, каде работел во весникот New York World. На 21 декември таа ’13-та година тој на забавната страница објавил крстозбор во форма на дијамант со празен центар и 32 збора кого го нарекол Word-Cross Puzzle. Денешното име на англиски, Cross-word се припишува на грешка на печатарот кому второто решение му се видело пологично.
Иако пронајдокот на Вајн се базирал на порани форми на крстословки, тој сепак внел бројни иновации, како користењето црни квадрати за одделување на зборовите и хоризонтално и вертикално. Новите технологии ја менуваат вештината на нивно создавање и решавање, но таа не изумира. Денешните „спид" решавачи на крстозбори се опседнати со брзината, и тие сакаат да решаваат на компјутер затоа што можат да куцаат побргу отколку да пишуваат на хартија.
Тука нашиот текст за Вил Шорц, уредникот за крстозбор во Њујорк Тајмс, и трејлерот од Wordplay, документарецот за ова хоби на дури 15 милиони Американци. Тоа е цела субкултура на луѓе кои се опседнати со решавањето. Меѓу нив и Бил Клинтон и Џон Стујарт.
NPR ја објави оригиналната „решетка" со освежени прашања, но и со дел од оригиналите. Ако сакате да се пробате тука.
За останатите малку крстозбор фолклор:
Не е гладен (3 букви) ПУН
Види слика (5 букви) ВИДОВ
Дел од прибор за јадење (3 букви) ЗАБ
Најмал троцифрен број (3 букви) ООО
Основен пијалок (4 букви) ПИВО
Болест која не се лекува (4 букви) СМРТ
Заедница на маж и жена (4 букви) СТАН
Ладно оружје (3 букви) ТОП
Маж на ќерката (3 букви) АЦЕ
Библијска личност (3 букви) ПОП
Морски гребен (2 букви) МГ
Иницијалите на поетот Есенин ПЕ
Злато ЗЛ
Кислород К
Врста на животни со куќичка (6 букви) КУЧИЊА
Брат на жената (4 букви) МИТЕ
Свечено одело (4 букви) ЦРНО
Град во Италија ( 3 букви ) ТРС