стихови на денот

Луѓето влегуваа

Луѓето влегуваа во неа
како што влегуваа во море
полека, ги мокреа нозете до колена,
се двоумеа дали да одат подлабоко
ја разгледуваа водата наоколу
дали е ладна, дали е чиста
дали има облаци во неа.
Потоа само ќе прснеа некоја капка
по градите и грбот,
и згрчено излегуваа.

 

Николина Андова,
добитничка на годинешнава награда „Мостови на Струга“ за дебитантска поетска збирка, која ја доделува УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата („Влезот е од другата страна“ во издание на Темплум)

31 јули 2013 - 21:48